top of page
Психотерапија​
 
- индивидуална
- во парови
- семејна

 

Психотерапијата представува метода за поттикнување на натамошниот развој на потенцијалите на личноста, нејзино добро запознавање на себеси , проширување на нејзината свесност и постигнување на чувство на исполнетост и креативност. Како тераписки пристап кој овозможува решавање на секојдневните животни потешкотии на здравите личности, психотерапијата може да се примени во сите области на човековото живеење со што се овозможува полесно разрешување на одредени психолошки збиднувања во личноста и во односот со светот кој ја опкружува.

Индивидуално советување и психотерапија во разрешување и надминување на проблемите поврзани со:
Семејни и брачни конфликити и недоразбирања;
Проблеми во партнерските врски и комуникацијата со другите луѓе;
Ниско самопочитување, несигурност, незадоволство со себе и желба за промена;
Анксиозност и стравови
Пореметување на спиењето, несоница, често будење, кошмарни соништа и сл. .
Депресивност и осаменост;
Панични напади
Проблеми со учењето и завршување на започнатите работи;
Трауматски доживувања;
Животни кризи
Тешкотии во конролата на сопственото однесување и изразувањето на емоциите;
Психосоматски пореметувања.

Групна работа

 

- Искуствени групи

- Развојни групи

- Тераписки групи

 

Групната работа во Гешталт или во работилница им помага на луѓето да ги унапредат своите начини на соочување со проблемите. Меѓутоа овде освен со терапевтот лицето се сретнува и со група луѓе. Групната работа е насочена кон интеракција помеѓу членовите на групата, па според тоа е посебно добра за оние кои имаат проблеми во социјалните контакти, поврзани со интимноста, довербата, самодоверба и сл.

 

Интеракциите во групата се исполнети со повратни информации кои и помагаат на личноста кога е нарушено нејзиното функционирање.

 

Тераписката групна работа е наменета за поединци кои се заинтересирани за работа на себе, поради надминување на одредени психолошко-емоционални потешкотии или поради личен раст и развој.

 

Една групна тераписка работа на своите членови им нуди можности да ги истражуваат своите лични прашања, со подршка на групата, кои исто така се заинтересирани за разбирање и спознавање на себе си.

Едукација и Тренинг

 

Гешталт советување и психотерапија 

 

 

Едукацијата се спроведува според програмата и критериумите на ЕАГТ (Европска Асоцијација за Гешталт терапија)

 

Во реализација на програмите вклучени се 

психотерапевти со лиценца за психотерапија и Европски сертификат за Гешталт психотерапија и надворешни соработници од европски институти

Супервизори - домашни и странски

 

 

ПРОГРАМА ЗА ЕДУКАЦИЈА

 

ТРЕНЕРИ

 

м-р Снежана Андреева, гешталт психотерапевт

м-р Радмила Манчевска, гешталт психотерап.

        Лидија Попчева, гешталт психотерапевт

         Вера Димовска, гешталт психотерапевт

 

СУПЕРВИЗОРИ:

 

Младен Костиќ од Гешталт Центар Белград

 

м-р Велимир Дуганчич, ДУГАН, Хрватска

 

СЕРТИФИЦИРАНИ ГЕШТАЛТ ПСИХОТЕРАПЕВТИ

 

ГАЛЕРИЈА

Психотерапија и Советување

Дали некогаш сте се чувствувале беспомошни да се справите со своите проблеми?

Ако е така, вие не сте единствени!

 

Повеќето луѓе  кои доаѓаат кај психотерапевт се стабилни личности кои повеќе или помалку нормално функционираат во секојдневниот живот, а психотерапијата им претставува помош и поддршка во некоја животна криза ... или пак кога човекот сака да си го поправи квалитетот на својот живот, да расте и да се развива.

 

Психотерапија (или терапија преку дијалог) е фокусирана на вашите актуелни мисли, чувства, однесување и животни прашања. Фокусирајќи се на минатото може да ви помогне во објаснувањето нешта во вашиот живот, но фокусирајќи се на сегашноста ќе ви помогне да се справите “овде и сега“  и ќе ви помогне  да се подготвите за иднината. Можеби на почетокот од третманот ќе се гледате почесто со вашиот терапевт, а подоцна, како што ќе учите да се справувате со проблемите, подоцна ќе ви стане предизвик да го правите тоа и тогаш потребата од психотерапија ќе стане поретка.

 

Една од клучните цели на психотерапијата е да ви помогне  во вашата промена кон подобро разбирање и одговарање на прашањата со кои се измачувате. Исто така ќе ви овозможи да  изнајдете начини како да си помогнете, со користење на нови методи и нови вештини - ќе можете подобро да се справувате со она што како предизвици наидуаваат во иднината.

bottom of page