top of page
ГЕШТАЛТ ЦЕНТАР Младен Костиќ-АСПЕКТИ, Скопје е основано во Јануари 2010 година.

Од почетоците до сега нашиот број на членови се зголемува и во моментот  броиме над  55 членови, активисти, волонтери и едуканти.


​Претседател: м-р Снежана Андреева, магистер по клиничка психологија, Гешталт психотерапевт - портфолио

 

​Заменик претседател: м-р Радмила Манчевска магистер по клиничка психологија, портфолио Гешталт психотерапевт и Лидија Попчева, психолог/ Гешталт психотерапевт - портфолио 

 

Во Март 2013 година регистрирана е подружница за Источниот дел на Македонија со седиште во Кочани: АСПЕКТИ–ИСТОК, 

Oдговорно лице: м-р Радмила Манчевска, психолог/гешталт терапевт

 

Март 2014 регистрирана подружница Македонска Каменица: АСПЕКТИ-ИСТОК

Одговорно лице: м-р Радмила Манчевска

 

2014, 31 Октомври Тренинг Институтот стана член на Европската Асоцијација за Гешталт Терапија (ЕАГТ)

 

 

 

 

Која беше главната мотивација за основање на нашата ГО?

Потребата да им се помогне на граѓаните во промена на свесноста за себе и за другите во насока на подобрување на психосоцијалното здравје, преку усвојување на креативни начини на адаптација во услови на брзи општествено-економски промени во заедницата со хуманистички и едукативен пристап.

 

Која е визијата на нашата ГО?

Нашата визија е да изградиме општествена заедница во која ќе преовладува соживот, со меѓусебна толеранција, прифаќање едни со други, разбирање, вреднување и граѓани ослободени од предрасуди и стереотипи од секаков вид на различности (вера, раса, етникум, пол, род, сексуална ориентација, хендикеп и др.) .

 

Која е мисијата на нашата ГО?

Нашите професионалци и оспособени стручни лица, членови и волентери на нашата ГО  се насочени кон грижа и афирмација на психосоцијалното здравје на граѓаните во надминување на секојдневните животни кризи, преку едукација, психолошкото советување и психотерапија, во насока на превенција и унапредување на квалитетот на живеење.

 

10 клучни вредности кои нашата ГО ги практикува и промовира

Хуманистички пристап кон граѓаните

Почитување и толеранција на различностите

Прифаќање и разбирање на индивидуалноста на личноста

Почитување на единаката за личен раст и развој

Почитување на право за дискреција на лични податоци

Отвореност, јасност и дирекност во комуникација (асертивна комуникација)

Емпатија и сочувство

Секој има право да бара и добие психосоцијална поддршка и помош

Унапредување на професионалната компетентност

Промовирање на психолошките знаења и вештини

bottom of page