top of page

2016

  • Отворена Порта - Ла Страда: Обука на Мобилните тимови кои работат со мигранти-бегалци на тема:„ГРАДЕЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛЕН ПРИСТАП - ИДЕНТИФИКАЦИЈА, УПАТУВАЊЕ И АСИСТЕНЦИЈА НА ВИСОКО РИЗИЧНИ СЛУЧАИ ПОМЕЃУ МИГРАНТИТЕ И БЕГАЛЦИТЕ“

  • Црвен Крст на РМ, обука на тема: Стрес менаџмент на мобилните тимови на Црвен Крст

 

2015

  • Групи за личен раст и развој

  • Работилница со надворешен соработник Велимир Дуганчиќ од Хрватска на тема „Срам и релациона гешталт терапија“

  • Работилница со Младен Костиќ во Битола и Скопје

  • Работилница во соработка со Американ Корнер Скопје, Џемс Вилис, Цуклус на Гешталт работилници (октомври,ноември, декември) со м-р Снежана Андреева, Лидија Попчева, Вера Димовска)

  • Реализација на Проектот „Тренинг на наставниците за работа со ученици кои манифестираат емоционални проблеми“ во две  групи од основните и средни  училишта во Општина Струмица

  • Проект со Цивика Мобилитас „Младите помеѓу политичката дихотомија – (со арт експресија) во надминување на ригидноста и говорот на омраза“

  • Континуиран тренинг и едукација за Гешталт советување и психотерапија

  • Работилници (Моќтта на љубовта, Скулптура - селф експресија, Групна динамика низ Гешталт процес)

  • Црвен Крст на РМ, обука на тема: Стрес менаџмент на мобилните тимови на Црвен Крст

 

2014 

  • ОБУКА ЗА ПСИХОДИЈАГНОСТИКА - примена на психодијагностички тестови, техники и задачи, наменета е за дипломирани психолози, студенти по психологија кои се во завршна години од студирањето, психолози кои се вработени и  сакаат да го усовршат своето знаење во областа на клиничката психологија и психодијагностиката, психолози кои сакаат да работат психотерапија, а кои имале малку пракса или воопшто немале пракса од клиничка психологија и психодијагностика. Реализација на АСПЕКТИ, Институт за креативен развој едукација и психотерапиј

  • АСПЕКТИ - ИСТОК

  • Оддржување на Трибина за родители на тема: „ Како да го поттикнеме развојот на IQ и креативното мислење кај децата“.

  • Формирање на групи за креативни работилници за деца на возраст од 3 до 8 години.

  • Договор и соработка со Едукативен клуб ВИК во реализацијата на детските креативни работилници.

  • Реализација на Проектот „Тренинг на наставниците за работа со ученици кои манифестираат емоционални проблеми“ во две основни училишта во Општина Виница.

  • Промотивни Гешталт работилници во Делчево и Штип.

  • Гостувања и медиумско преставување на работата на здружението во локалните телевизиски канали во Кочани, Штип и Делчево.

    2013

  • Проект подржан од Општина Карпош на тема: „Тренинг на наставниците од основните училишта за справување со ученици кои покажуваат со емоционални проблеми“ (10 училишта), Тренери Снежана Андреева и Вера Димовска

 

2012

  • Проект на УНДП и Министерство за социјала и труд – Психосоцијална подршка на жени-жртви од семејно насилство (7 локации или 15 градови од РМ) 2011/2012 год. (Национален советник Снежана Андреева)

 

2011

  • Проект на Град Скопје, СИНТЕЗА И АСПЕКТИ за обука на стручни соработници со средни училишта на тема: „Професионална компетенција на стручни соработници во работа со ученици и родители во група“.

  • Проект на УНДП и Министерство за социјала и труд – Психосоцијална подршка на жени-жртви од семејно насилство (7 локации или 15 градови од РМ) 2011/2012 год. (Национален советник Снежана Андреева)

 

2010

  • Наши членови Снежана Андреева, Радмила Манчевска и Лидија Попчева во соработка со „Совршен круг“-учествуваат во Национален проект на УНДП за психосоцијална подршка за економско зајакнување на жените-жртви во семејно насилство кое опфати обука на 25 ЦСР низ РМ на нивните стручни соработници и исто толку стручни соработници од АВРМ во траење од 5 дена, и психолошка подршка во група на жени жртви од 25 градови низ Македонија в траење од 2 месеци или вкупно 100 работилници.

  • 20 и 21 Ноември/ Организатор и спроведувач на Прв Гешталт конгрес на РМ на Гешталт советувачи и психотерапевти

  • Проект на Град Скопје и СИНТЕЗА за стручни соработници од средни училишта на тема: „Работа со ученици кои покажуваат неприлагодено однесување во средните училишта“

Проекти

bottom of page